Моменталната генерација на белгијски фудбалери се меѓу најголемите ѕвезди во најпопуларниот планетарен спорт, а во иднина ќе треба да ги покажат и тренерските способности. Голем дел од репрезентативците на Црвените ѓаволи кои на последниот Мундијал го освоија третото место, ги добија тренерските лиценци од УЕФА во гатегориите А и Б по завршените курсеви.
Прв од генерацијата кој всушност од минатото лето е пензиониран фудбалер е Венсан Компани. Екскапитенот на Манчестер сити веќе се пушти во тренерските води и одреден период го предводеше матичниот клуб Андерлехт, меѓутоа слабите резултати кратко го задржаа на тренерското место.
Стапките на Компани ги следат Кевин Де Бројне, Ромелу Лукаку, Дрис Мертенс, Јан Вертонген, Аксел Витцел, Јури Тилеманс, Дивок Ориги, Симон Мињоле, Денис Прает и уште неколку некогашни младински репрезентативци на Белгија.
Споменатите играчи веќе се прославија со настапите на зелениот тепих, а во иднина ќе се види дали се еднакво добри тренери.