Хамбургер ако сака во Бундеслигата, мора да го победи Кил

Хамбургер – Кил (фудбал, Германија 2, 20.30 часот)

Некогашниот германски и европски првак се бори за враќање во Бундеслигата, па трите бода му се неопходни. Ако победи, Хамбургер ќе избие на втората позиција во Цвајта, а тоа место носи пласман во елитата. Популарниот ХСВ е најефикасен тим во второлигашкото германско друштво, додека Кил има два порази по ред и не би требало да биде закана за домашните. Против единицата има само еден показател, Кил во минатата сезона како гостин славеше во Хамбург, и тоа со 3-0, а есеноска беше 1-1.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

Алашкерт – Арарат Ерменија (фудбал, Ерменија, 15.30 часот)

Битката за титулата во ерменскиот плејоф е многу интересна бидејќи лидерот Арарат Ерменија, на шестиот Арарат му бега само шест бода. Арарат Ерменија е тим со најмалку примени голови во лигата, но Алашкерт е најефикасен. Во Ерменија има лимитиран број гледачи на трибините, па домашните може да се надеваат на каква-таква поддршка. Овие тимови на 20 мај одиграа пријателски меч кој заврши 2-2.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.50)

 

Царско село – Славија Софија (фудбал, Бугарија, 19.30 часот)

Ова е дуел на две екипи од престолнината Софија. Славија е подобра, имаше низа од четири победи по ред пред сезоната да биде прекината, но пред десет дена загуби од Ботев Пловдив со 0-2 во контролен дуел. Од друга страна, Царско село играше променливо, се менуваа победите и поразите пред паузата. Славија е цврсто петта и по овој меч не може да оди ни погоре, ни подолу. Есеноска беше 1-0 за Славија.

Предлог тип: Х (2.90)

 

Ламија – Панаитоликос (фудбал, Грција, 19.00 часот)

Ова е дуел од грчката лига за испаѓање. Ламија е тим кој многу често игра нерешено, има дури 12 ремија во 26 кола. Но, Ламија е прилично безбедна, за разлика од Панетоликос, кој грчевито се бори за опстанок во елитното друштво. Ламија дома не победила уште од декември, додека Панетоликос на лигашки меч на гости не победил уште од април 2019 година. Сезонава овие тимови се сретнаа двапати и двапати беше нерешено со 0-2 гола.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

 

Јихлава – Храдец Кралове (фудбал, Чешка 2, 18.00 часот)

Двата тима имаат по 36 бода и слична гол-разлика. Ако некој победи, ќе се најде во зоната на табелата која носи плејоф за влез во првата лига. Храдец е во подобра форма, освои пет бода и нема пораз во трите кола по паузата, а Јихлава имаше два порази и едно реми, па почна да го губи чекорот со врвот. Храдец во август победи со 4-2, ова се тимови кои пролетва редовно играат со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Ламиа – Панаитоликос 1-3I & 1-3II (2.30)

Беитар – Макаби Тел Авив 2 & 2-4 (2.35)

Хамбургер – Холштајн Кил Т1 1+I & T1 2+ (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести