Драма за холивудски оскар – Не ги сакаше топката, испаднаа, па навивачите сакаа да ги истепаат (Видео)

Мечот за опстанок меѓу Дебрецин и Пакш во Унгарија режираше неверојатна фудбалска драма, а по несреќните утки на играчите на 7-кратниот првак во драматичниот финиш настана вистински хаос.

Во последните два напади домаќините на двапати ја погодуваа рамката на голот на Пакш, а им требаше гол за победа и за опстанок.

Не успеаја, мечот заврши нерешено 1:1 и ќе мораат да играат во Втората лига. По натпреварот имаше уште една драма, што беше опасна за домашните играчи. Навивачите на Дебрецин влетаа на терен за да се пресметаа со нив, но за среќа на домашните фудбалери успеа да ги спаси полицијата.

Дебрецин е петтата најтрофејна екипа во Унгарија со 7 титули. На вечната листа се само зад Ференцварош со 31 пехар, МТК со 23, Ујпешт со 20 и Хонвед со 14.

- Оглас -

Најнови вести