Евролигашите менуваат тренери: Кокошков во Фенер, Јасикевичиус во Барса

Фенербахче е блиску да оствари договор на три години со Игор Кокошков, асистентот на Сакраменто кингс и селектор на Србија. По заминувањето на Жељко Обрадовиќ, турскиот гигант тргна во потрага по нов квалитетен тренер и го најде во НБА лигата.

За експредводникот на Феникс санс ова ќе биде прв ангажман на Стариот континент на клупски план, претходно работеше во селекцијата на Словенија која ја одведе до историскиот златен медал на Европското првенство во 2017 година.

Кокошков беше мета на неколку европски гиганти, но Фенербахче најмногу притискаше за неговите услуги и успеа да го убеди српскиот стратег да работи во Евролигата. Во минатото Кокошков беше дел од стручниот штаб на ЛА клиперс, Орландо меџик, Кливленд кавалирс и Јута џез, како и Детроит пистонс со кои ја освои титулата во НБА лигата во 2004 година.

Во Шпанија, односно Каталонија, пристигна Шарунас Јасикевичиус, кој во следните три сезони ќе го предводи шпанскиот вицешампион Барселона. Јасикевичиус го менува Светислав Пешиќ на клупата по загубената титула од Басконија.

Литванскиот стратег го напушти Жалгирис за да се врати во екипата каде што како играч мина два мандати – од 2000 до 2003 година и во сезоната 2012/23.

https://twitter.com/FCBbasket/status/1278614900680597505

- Оглас -

Најнови вести