Легендата на Јунајтед уште во февруари предвиде дека Сити ќе се спаси од суспензија (видео)

Гери Невил, легендата на Манчестер јунајтед кој моментално работи како фудбалски аналитичар на „Скај спортс“, уште во февруари, периодот кога Манчестер сити ја доби казната од страна на УЕФА, кажа дека управата и правниот тим на Граѓаните ќе го добијат случајот со Европската фудбалска куќа.

„Финансискиот ферплеј не е добар начин да се регулира трошењето на богатите клубови. Сметам дека Манчестер сити ќе го добие случајот со УЕФА бидејќи таа е безнадежна организација“, кажа Невил во февруари.

Утрово Судот за спортска арбитража во Лозано, Швајцарија, ја укина забраната на Манчестер сити за две години неиграње во европските натпреварувања. Но, минатосезонскиот англиски првак останува под истрага од страна на Премиер лигата.

https://twitter.com/footballdaily/status/1282625462536155136

- Оглас -

Најнови вести