Манчестер јунајтед може да остане без 25 милиони фунти од спонзорскиот договор со „Адидас“ доколку не се пласира во Лигата на шампионите втора сезона во низа.
Соработката со германскиот бренд за спортска опрема го склучија на 75 милиони фунти, што го прави втор највреден во Премиер лигата зад Ливерпул и „Најки“ (80 милиони фунти), меѓутоа Црвените ѓаволи мора да се пласираат во најелитното европско натпреварување за да го добијат делот.
Екипата на Оле Гунар Солскјер вчера испушти златна прилика да се искачи на третото место на табелата, меѓутоа Саутхемптон во последните мигови израмни на конечни 2-2 во мечот кој се одигра на „Олд трафорд“. Сега Јунајтед последните три кола ќе ги дочека од петтата позиција, зад Челзи и Лестер.