Баксузиште: Тикет кој го чекаше од август, пропадна поради гол во 98-мата минута во последно коло, но…

Еден Англичанец по име Ентони Џонсон пред да почне сезоната во Премиер лигата, лани во август се обложил дека Џеси Лингард од Манчестер јунајтед нема да даде гол, ниту ќе има асистенција во целата сезона 2019/20. И беше премногу блиску до тоа да погоди, Лингард немаше ни гол ни асистенција до финишот на синоќешното гостување на Црвените ѓаволи во Лестер.

Но, ѓаволот ги вмеша прстите и Лингард во осмата минута од судиското продолжение го совлада голманот Каспер Шмајхел, кој несериозно си поигруваше надвор од 16-никот и го постигна својот прв гол сезоната, па со тоа тикетот стана недобитен. Добивката требаше да биде 135 фунти, со уплата од 3,3 фунти.

Сепак, прогнозерот баксуз не остана без добивката. Од обложувалницата објавија дека сепак му ги исплатиле парите, иако бизарниот тикет е недобитен. Ентони рече дека парите ги донирал во британскиот оддел на фондацијата „Black Liver Matter“ која се бори против расизмот.

 

- Оглас -

Најнови вести