Еден од фудбалерите кој стана симбол на екипата на Тотенхем во изминативе години, Јан Вертонген, потврди дека си заминува од клубот. Белгискиот репрезентативец цели осум години ги бранеше боите на лондонскиот тим. Одигра над 300 меча, а дефанзивецот и 12 пати се запиша во листата на стрелците, а сега се прости од клубот во кој одигра поголем дел од кариерата.
„Моето време во клубот заврши. Ова е тажен ден за мене поради многу причини. Ќе ми недостасуваат многуте пријатели кои ги стекнав тука. Играв и на фантастичниот нов стадион, пред нашите верни навивачи. Испишавме многу неверојатни спомени, но сега е време да си заминам“, порача Вертонген.
Иако имаше многу добри мечеви, Вертонген не се израдува на ниту еден трофеј со Тотенхем. Најблиску до трофејот беше минатата година, кога Тотенхем играше во финалето на Лигата на шампионите, но во дуелот за трофејот со 2:0 загуби од Ливерпул.
Вертонген во кариерата шест години помина во Ајакс, краток период играше и во РКЦ Валвијк, а за репрезентацијата на Белгија има 118 меча. Засега не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.
So my time at the club comes to an end. A sad day for many reasons. I will miss the friends I’ve made here, the staff that make the club run, playing at the amazing new stadium & of course you fans. pic.twitter.com/qyEOlNmgFx
— Jan Vertonghen (@JanVertonghen) July 27, 2020