Кумановец со долгорочен тикет чекаше 17 дена и со бонусот доби над 910.000 денари

Тикет уплатен уште на 23 јули во објектот на Sport Life во Куманово, нарекуван Гаражи, на еден прогнозер му донесе добивка од дури 910.379 денари. Тикетот е исплатен 17 дена по уплатата, но трпението на кумановецот се исплатеше, и тоа како.

Со уплата од 220 денари, тикетот со 14 фудбалски парови на него вреди 910.379 денари, од кои 326.802 денари се бонус. Доколку не би бил бонусот, исплатата би била речиси 600.000 денари, а бонусот е 56 проценти од таа сума.

На мајсторскиот тикет од пред 18 дена, меѓу 14-те меча, најкритични биле победата на Рома над Фиорентина на 26 јули (типувано е единица, а Рома до 2-1 дојде со гол во 87-мата минута од пенал), како и два меча на екипите од Манчестер. На мечот Манчестер сити – Норвич од Премиер лигата на кумановецот му требаа 2-3 гола во прво полувреме, а вториот падна во судиското продолжение, стрелец беше Кевин де Бројне. Кога веќе се насетуваше дека тикетот може да биде добитен, точка стави Манчестер јунајтед со третиот гол (типувано е кец и 3-5 гола) во 88-мата минута против ЛАСК Линц.

ИСТ ТИКЕТ УПЛАТЕН ДВАПАТИ ПО 50 ДЕНАРИ ДОНЕСЕ ВКУПНА ДОБИВКА ОД 840 ИЛЈАДИ

Во скопската населба Даме Груев само со 100 денари уплата, на два тикети по 50 денари, добивката е вкупно 840.116 денари, или 420.058 по тикет. На тикетот има 10 натпревари кои се играа од средата до вчера. Станува збор за тикет на кој има коефициенти од 1.80 до 4.40.

Така, погоден е Интер – Хетафе со 1-1&2-4 гола, што носи најголема квота од 4.40, а најголемо олеснување за прогнозерот донесе кога во последните 40 минути не падна гол на дуелот Читадела – Фрозиноне, каде што е типувано дека гостите нема да победат и притоа ќе паднат 2-4 гола. До 51-вата минута веќе имаше четири гола и евентуално петти ќе ги срушеше надежите.

ВО КОЧАНИ ФАТЕН ТИКЕТ СО ПАРОВИ ОД ПОСЕБНА ПОНУДА, ПОГОДИЛ ДЕКА ДЕПАЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ СТРЕЛЕЦ НА ЈУВЕ – ЛИОН

Мечевите од Лигата на шампионите кои се играат во петокот и саботата, на прогнозер од Кочани му донесоа одлична добивка од 158.776 денари, за уплата од само 50 денари. Ова е доказ дека и со мал влог, може да се добие многу ако типувате на игри од посебната понуда на Sport Life.

Кочанчанецот погодил дека прв пенал на мечот Јуве – Лион ќе шутнат гостите од Франција (квота 6.00) и дека Мемфис Депај ќе биде прв стрелец на натпреварот (квота 11). Депај даде гол од пенал за 1-0, па прогнозерот „со еден удар утепал три муви“. Тој ја искористил можноста од посебната понуда и да типува дека Лион прв ќе даде гол.

Истите игри му се и за утредента, за мечот Баерн – Челзи, но таму во главна улога е Роберт Левандовски. Кочанчанецот погодил дека Полјакот ќе биде прв стрелец, дека за Баерн ќе биде досуден прв пенал и дека Баварците први ќе постигнат гол. За сите три игри заслужен е Левандовски со реализираниот пенал во 10-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести