Се откажа и Бенчиќ, само Серена од ланските полуфиналистки ќе игра на ОП на САД

Белинда Бенчиќ, најдобрата швајцарска тенисерика и минатогодишна полуфиналистка на ОП на САД, одлучи да не настапува на овогодинешното издание на американскиот Гренд слем. Таа е трета тенисерка која лани учествуваше во полуфиналето, а се повлече по Елина Свитолина и Бјанка Андреску.

Од ланските полуфиналистки ќе игра само Серена Вилијамс, вистинска штета е што и женската конкуренција ќе биде осиромашена со отсуството на шест тенисерки од топ 10 на ВТА листата.

Гренд слемот во Њујорк е закажан со почеток на 31 август и ќе се одржува до 13 септември.

- Оглас -

Најнови вести