Холандија и Барса не можат едни без други, Рајкард е кандидат за нов селектор на местото на Куман

Франк Рајкард е еден од кандидатите за нов селектор на Холандија по заминувањето на Роналд Куман во Барселона. Лалињата веројатно повторно ќе се обидат со решение кое на некој начин е поврзано со Каталонците.

Рајкард беше тренер на Барселона 2003-2008 и имаше доста успеси со освоен пехар во Лигата на шампионите, две шампионски круни во Ла Лига и два Суперкупа на Шпанија.

Интересно е што тој дојде во Барселона по три сезони откако си замина холандскиот стручен штаб кај Каталонците предводен од Луис ван Гал, во кој асистент беше токму Куман.

Сега повторно може да биде слична ситуација и Рајкард да го наследи Куман како селектор на Холандија.

Ако раководството на Холандската фудбалска федерација, или популарниот КНВБ, одлучи да му даде шанса на 57-годишниот поранешен познат репрезентативец, тоа би било камбек на Рајкард на кормилото на Лалињата.

Франк беше селектор на Холандија од 1998 до 2000 година и ја предводеше репрезентацијата до полуфиналето на ЕП што го организираше неговата земја заедно со Белгија.

По поразот на пенали од Италија во мечот за финале, Рајкард си поднесе оставка.

- Оглас -

Најнови вести