Шкендија го освои Ѓорче, Пандевци не знаат за победа и по третото коло

Со погодокот на Бесарт Ибраими од пенал во 87-та минута, Шкендија го доби дербито против Македонија Ѓорче Петров со минимални 1-0. Тетовци по пауза од три години го освоија Ѓорче и ја запишаа втората победа во оваа сезона по што се израмнија на врвот на табелата со Шкупи по седум бода во првите три кола.

Се чинеше дека пресметката во скопската населба ќе заврши без голови, меѓутоа гостите се изборија за победнички гол преку Ибраими.

Ренова во меѓувреме со сигурните 2-0 ѝ го нанесе третиот овосезонски пораз на Академија Пандев во исто толку натпревари, по што струмичани се без ниту еден бод во воведниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести