Силекс ќе преспие на врвот на табелата во ПМФЛ по четрвтото коло, во кое ја совлада Ренова со сигурни 3-1. Кратовци иако западнаа во проблеми во првите 10 минути од средбата, Ѓорѓиев и Ристов во завршните пет минути од полувремето го свртеа резултатот во корист на домаќините.
По шеесетина минути игра, Силекс ги обезбеди трите бода и ја продолжи низата од 17 меча без пораз против тимот од Џепчиште, серија која трае цели 11 години. Силекс сега има 10 бода по четири кола, исто колку и Шкупи, додека Ренова го претрпе првиот пораз и стои на шестото место со пет бода.
Шкендија, пак, на домашен терен не успеа да го надигра Борец и ремизираше при конечни 1-1. Новото засилување Дита ги извади тетовци од негатива по малку повеќе од половина час игра, откако претходно Станковски донесе водство за гостите.
Конечните 1-1 за Шкендија значат второ реми по четири меча во новата сезона, па засега е на третото место со осум бода, додека Борец е осми со пет бода.