Мигел Кардозо денеска ќе биде именуван за нов тренер на Селта Виго, а Португалецот ќе го замени Аргентинецот Антонио Рикардо Мохамед.
Мохамед беше сменет по поразот од Реал Мадрид, завчера во последниот меч од 12. коло во Ла Лига. Гостите од Мадрид славеа со 4:2 и ја турнаа Селта блиску до опасната зона.
Со Аргентинецот како кормилар, Селта имаше 3 победи и пет порази, со четири дуели кои завршија нерешено и е на 14. место во Ла Лига со 14 бодови.
Кардозо има солидно реноме, беше тренер на Шахтар Донецк, Брага и Спортинг, а особено се истакна во португалскиот прволигаш Рио Аве. Екипа која лани со Кардозо како кормилар го освои петтото место со што го израмни најдобриот пласман во клупската историја. Со тој пласман Рио Аве по вторпат во својата историја играше во фаза по групи во Европа Лигата.
Кардозо сезонава ја почна како тренер на Нант, но си замина на почетокот на октомври.