Пристигнувањето на ексгенералниот менаџер на Хјустон рокетс, Дерил Мори, во Филаделфија севентисиксерс може да донесе револуција во клубот од Градот на братската љубов. Менаџерот кој како претседател на Филаделфија ќе зема годишна плата од 10 милиони долари, веќе почнува да работи на изградба на нов силен состав на „76-ките“, а играчот кој сака да го донесе во тимот е Џејмс Харден.
Суперѕвездата на Хјустон, кој според некои статистички показатели е најдобар играч во НБА, во ист тим со крилото Бен Симонс и центарот Џоел Ембид, од Филаделфија може да направи кандидат за титула.
Рокетс не сака да се раздели со својот главен играч, но го разочараа Харден со изборот на тренер. Брадата нема да биде слободен пред 2022 година и тоа ја отежнува операцијата на негов премин на истокот.