Еурофарм Пелистер не успеа да ја забележи првата победа во новото натпреварување на ЕХФ, Лигата на Европа, откако прокоцка огромна предност од 7 гола што ја имаа битолчани во првото полувреме против Кадетен Шафхаузен.
Мечот во драматична завршница заврши нерешено 25:25, а гостите израмнија со погодок на 7 секунди до крајот. Битолчани се обидоа да постигнат победнички гол, но ударот од голема далечина не ја погоди целта во последните секунди.
Пелистер одигра одлично прво полувреме, имаше 7 гола разлика, а на пауза меѓу двете полувремиња замина со предност од 16:10.
Пресвртот почна на 15 минути до крај, кога гостите намалија само на три гола, а потоа и израмнија на 22:22 и за првпат и поведоа на мечот во 54-тата минута со 23:24.
Сепак, битолчани имаа меч-топка откако поведоа со гол од седмерец, но не издржаа, па примија гол за реми 25:25.
Стипе Мандалиниќ со 6 гола беше прв стрелец во домашниот табор, а Пелистерци немаа решение како да го сопрат најефикасниот ракометар на мечот Шелкер, кој постигна 7 гола за Кадетен Шафхаузен.