Сопругот на Северина продава српски талент на Милан

Игор Којиќ, сопругот на балканската дива Северина, во свои раце го држи бисерот на Црвена ѕвезда, Андрија Радуловиќ, за кого се појави интерес од големиот Милан.

Крилниот офанзивец важи за голем талент на српскиот фудбал и има само 18 години, а скаути на Росонерите веќе некое време го следат неговиот развој.

„Радуловиќ е еден од најголемите таленти во Европа. Ако веќе би морал да го споредам со некого, ќе кажам дека со својот стил на игра потсетува на Дејан Савичевиќ, а сите знаеме каков фудбалер беше Деки“, истакна Којиќ.

Ексдиректорот на Милан Ѕвонимир Бобан, беше прв кој го стави Радуловиќ на радарот на Росонерите. Италијанскиот гигант продолжи да го следи младиот Андрија и по заминувањето на Бобан, па наскоро може да се очекува потпис на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести