Вардар не издвои поучна лекција од поразот од Кјелце во „Јане Сандански“ пред шест дена, па убедливо загуби и на гостувањето кај полскиот гигант со конечни 36-29.
Црвено-црните повторно немаа одговор за неприкосновениот Алекс Душебаев, кој речиси да го преслика голгетерското издание од Скопје. Тимот на Алушовски заостануваше четири гола по првото полувреме при резултат од 18-12. Одбраната не беше на потребното ниво, Кјелце го користеше тоа и лесно дојде до шестиот триумф во европскиот шампионат.
Душебаев заврши со седум погодоци како најефикасен за Кјелце, додека кај Вардар најрасположен беше Дибиров исто така со седум гола и без ниту едно промашување.