Шахтар му нанесе уште еден пораз на Реал Мадрид, односно го доби двомечот во групите со Кралевите откако вечерва во Киев украинскиот првак триумфираше со 2-0.
Избраниците на Луис Коста влегоа во игра за пласман во нокаут-фазата, додека на тимот на Зидан му донесоа големи проблеми во битката за обезбедување европска пролет. Сега овие две екипи имаат по 7 бода по пет меча во групата Б, а Шахтар е на второто место поради подобар биланс во меѓусебните дуели против Реал.
Дентињо ја казни грешката на Варан во 58-мата минута и го отвори мечот, додека се играше 82-рата минута, кога домаќините искористија контранапад преку Соломон, кој од околу 20 метри со прецизен удар го совлада Куртоа.
Шахтар токму од победата во Мадрид со 3-2 немаше постигнато гол во ЛШ, а точно по 6 часа и 15 минути во два наврати ја затресоа мрежата на Кралевите.
https://twitter.com/livestream_103/status/1333858313709096961
Во вториот меч, Салцбург славеше со сигурни 3-1 на гостувањето кај Локомотив во Москва.