Визингер имаше одлична визија, со голчиште ја здрма Москва (Видео)

Напаѓачот на Волфсбергер, Дарио Визингер, постигна еврогол во 22-рата минута против ЦСКА Москва, а неговиот проектил им донесе предност на Австријците по првото полувреме.

Визингер упати страшна бомба од околу 20-тина метри, а топката ја здрма и пречката и влезе во голот на домаќините. Легендата на ЦСКА, Акинфеев, се обиде да одбрани, но беше немоќен да го скроти проектилот на Визингер.

CSKA Moskva 0-1 Wolfsberger AC – Dario Vizinger 22′ great goal from soccer

ЦСКА мора да победи ако сака да остане во игра за пласман понатму, а по еден час игра, фаворити за првите две места во групата К се Динамо Загреб, кој води со 2:0 против Феенорд на гости, и Волсфбергер, екипа што има предност од 1:0 во Москва.

 

 

- Оглас -

Најнови вести