НБА донесе историска одлука

Челниците на НБА-лигата дозволија кошаркарите да пушат марихуана, што е една од најголемите одлуки во историјата на најсилната лига во светот.

Актуелниот колективен договор меѓу Здружението на играчите и НБА-лигата важи до крајот на сезоната 2023/24, а на листата на забранети супстанции се наоѓа и марихуаната. Според правилникот, секој играч има право на два позитивни теста, а доколку третпат биде позитивен на користење марихуана, автоматски му следува суспензија од пет натпревари.

Сепак, најновата одлука на челниците на НБА е веќе да не се вршат тестови за марихуана, како што беше во Орландо, односно за време на „балонот“ за доигрување на ланската сезона и плејофот.

Како што стои во објаснувањето, одлуката за легализација на марихуаната се базира на правилата за сигурност во услови на пандемија и целта да се намали бројот на непотребни директни контакти на луѓето од антидопинг-системот со кошаркарите.

Во САД од порано беше дозволено конзумирање на марихуана меѓу играчите во бејзбол МЛБ и хокеарската НХЛ.

- Оглас -

Најнови вести