Марио Балотели повторно се најде во центарот на вниманието во Италија, овојпат поради што крадци му го оштетиле автомобилот и му украле вредни работи.
Некогашниот италијански репрезентативец на „Инстаграм“ објави фотографија од скршениот прозор од автомобилот, по што се закани дека ќе трага по сторителите.
„Само сакам да ви кажам да се молите да не ве најдам без разлика кои сте. Ќе ве барам до крајот на животот, го*на кукавички“, се огласи Балотели преку социјалните мрежи.