Раул Хименес брзо закрепнува по тешката повреда на главата и веќе е пуштен на домашно лекување. Тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, по поразот од Ливерпул вчера, објави одлична вест за Мексиканецот.
„Раул веќе е дома и брзо закрепнува. Се надеваме дека наскоро ќе биде на терен со нас“, изјави Санто.
Репрезентативецот на Мексико имаше незгоден дуел со Давид Луиз на мечот со Арсенал и по страотниот судир со глави со стоперот на Топчиите, заработи сериозна повреда на главата.
Потоа имаше и операција, која мина во најдобар ред, па Хименес почна и процес на рехабилитација, но не се знае точно кога ќе биде подготвен за камбек во дресот на Волците.
Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и за две години, колку што игра за Вулверхемптон, постигна 48 гола на 110 натпревари.