Имаше девет бода по четири кола, а испадна: Манчестер јунајтед е најголемиот губитник во ЛШ

Лигата на шампионите останува без едно од најзвучните имиња во европскиот фудбал, Манчестер јунајтед. Англискиот гигант загуби на гостувањето кај Лајпциг со 3:2 и падна на третото место во групата, па во пролетниот дел ќе продолжи во Лигата на Европа.

Лајпциг уште од стартот покажа дека не се плаши од името на противникот, иако на „Олд Трафорд“ пред еден месец загуби со 5:0. Германците само за 15-тина минути водеа со 2:0 и го имаа посакуваниот резултат за да освојат три бода. Во 69-тата минута Лајпциг стигна и до 3:0, па делуваше дека сè е решено.

Сепак, Манчестер не се предаде и со два гола во периодот од 80-тата до 82-рата минута намали на 2:3, за возбудлив финиш. На гостите им беше потребен трет гол, но Лајпциг се одбрани и на крајот Германците се радуваат на влез во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во останатите мечеви кои се играа денеска: Лацио – Бриж 2:2, Зенит – Борусија Дортмунд 1:2, Барселона – Јувентус 0:3, Челзи – Краснодар 1:1, Динамо Киев – Ференцварош 1:0 и Рен – Севилја 1:3.

Дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир беше прекинат во 14-тата минута откако гостинските фудбалери го напуштија теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести