Среќата на страна на Лацио: Неколку сантиметри доволни за римјаните да се израдуваат на тоа што го чекаа 20 години

Лацио и Бриж одиграа 2:2 на „Олимико“, резултат по кој на крајот домаќините се радуваа, Со овој освоен бод, Лацио стигна до 9 бодови, додека белгискиот тим со седум освоени бода мора да се задоволи со продолжување во нокаут фазата од Лигата на Европа.

Среќата беше на страната на Лацио во Рим. Домаќините беа фаворити пред мечот и брзо поведоа со погодокот на Кореа во 12 минута. Сепак, дека Бриж не е дојден со „бело знаме“, гостите покажаа само три минути подоцна кога израмнија на 1:1.

Чиро Имобиле од пенал во 27 минута повторно го доведе Лацио во водство, а дополнителен проблем за Бриж беше исклучувањето на Собол во 38 минута поради два жолти картони. Сепак, белгискиот тим во второто полувреме покажа дека има квалитет, па и со игра помалку стигна до 2:2 во 76 минута кога погоди Ванакен.

Во 92 минута, Бриж имаше шанса за целосен пресврт, но гостите наместо во голот, ја погодија пречката. Доколку Бриж победеше со 3:2, Лацио ќе испаднеше од ЛШ, но со ремито, римјаните за прв пат по 20 години се радуваа на пласман во нокаут фазата од ЛШ.

Борусија Дортмунд го освои првото место во оваа група откако со 2:1 победи на гости кај Зенит. Рускиот тим водеше на полувреме, но Борусија со два погодоци во вториот дел направи целосен пресврт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести