Рафалот на Си Џеј и Лилард премногу за Харден и Ракетите (видео)

Дербито на ноќта во НБА лигата до гоби Портланд со минимални 128:126 по едно продолжение против Хјустон рокетс благодарение на расположениот Си Џеј Мекколум и првата ѕвезда Демиен Лилард.

Бековите на Портланд комбинираа 76 поени и заедно реализираа 14 тројки од 29 обиди, од кои Мекколум погоди девет и постави личен рекорд, што беше премногу за Ракетите предводени од Џејмс Харден.

До првата овосезонска победа Портланд мораше многу да се измачи со оглед на тоа дека успеа да надополни негатива од 16 поени. Гостите од Тексас го контролираа резултатот до воведните минути од второто полувреме, по што Блејзерси се разиграа и најавија драматичен финиш.

https://twitter.com/NBA/status/1343070376092438529

Во продолжението се играше кош за кош, Харден со сите сили се обидуваше сам да ја добие средбата, меѓутоа ова беше ноќ на Мекколум кој со својата рекордна деветта тројка за вкупно 44 поени го реши дербито. Лилард го следеше Мекколум со 32 поени, додека на грудата страна и Брадата заврши со високи 44 поени, но оствари дабл-дабл со 17 асистенции.

https://twitter.com/NBA/status/1343054938801377280

Останати резултати НБА:

Мемфис 112:122 Атланта, Шарлот 107:109 Оклахома, Детроит 119:128 Кливленд, Вашингтон 120:130 Орландо, Њујорк 89:109 Филаделфија, Чикаго 106:125 Индијана, Сан Антонио 119:114 Торонто, Јута 111:116 Минесота, Сакраменто 106:103 Феникс.

- Оглас -

Најнови вести