Сребрен медал за Ивановски на Балканското првенство

Дарио Ивановски, најдобриот македонски атлетичар, е вицешампион на Балканското првенство на пат кое вчера навечер непосредно пред Новата година се одржа во Правец, Бугарија.

За освојување на сребрениот медал, Ивановски истрча одлична трка и запиша време од 19.57 минути за 7 километри. Ова е трет медал за Ивановски на Балканските првенства во изминативе две години.

Неговиот тренер и сè уште активен атлетичар, Игор Јакимовски, исто така учествуваше на трката и го освои респектабилното шесто место, за доста успешен почеток на Новата 2021 година за македонското атлетско дуо.

- Оглас -

Најнови вести