Во Пари Сен Жермен почна новата ера со Маурисио Покетино, во кого управата очекува да добие стратег кој конечно ќе ги одведе Светците до титулата во Лигата на шампионите. Покетино ќе командува во наредните две и пол години во Париз, а клубот веднаш почна да му исполнува желби.
Аргентинецот побарал да се откупи договорот на младиот напаѓач Мојзе Кен, кој сезонава игра како позајмен од редовите на Евертон. ПСЖ наводно ќе издвои до 31 милион фунти за Италијанецот и ќе го откупи уште во јануарскиот преоден рок.
Кен сезонава во 16 настапи реализира девет погодоци и му конкурира на Мауро Икарди за позицијата прв напаѓач, додека Евертон без проблем ќе се согласи на продажбата, со оглед на тоа дека за Кен потрошија 27 милиони фунти пред една и пол година.