Косово е се попривлечно за македонските фудбалери – Мартин Блажевски е пред трансфер во Гњилане

Косово станува се попривлечно за македонските фудбалери, а понуда да игра во тамошната лига за Гњилане има и Мартин Блажевски, поранешниот младински репрезентативец на нашата земја.

Блажевски има 28 години и одлично педигре во македонскиот фудбал. Играше за Металург, Вардар, Пелистер, Македонија Ѓорче Петров и уште неколку наши клубови, а последниот ангажман му беше во Борец Велес.

Со популарните Лавови од Ѓорче Петров во 2017 година го освои и пехарот во националниот куп на Македонија, а ако замине во Гњилане тоа ќе му биде прв ангажман во странство.

Член на Гњилане е поранешниот фудбалер на Ренова и на Шкендија, Мухамед Усеини, а клубот што е формиран пред 22 години најголемиот успех го забележа во сезоната 1999/2000 кога го освои пехарот во националниот куп на Косово.

 

 

- Оглас -

Најнови вести