Барди: Никогаш во кариерата не сум имал ваква пауза, но во Леванте добивам огромна поддршка

Еден од најдобрите македонски репрезентативци и член на шпанскиот Леванте, Енис Барди, веќе два месеци е на принудна пауза. Барди заработи повреда на грбот за време на репрезентативните подготовки со Македонија за дуелот против Грузија.

Барди не настапи на клучниот меч, се врати во Валенсија и веќе речиси два месеци е на принудна пауза поради повредата. За клупската телевизија на Леванте, Барди откри како му поминале овие два месеци.

“ Во мојата кариера досега никогаш немав пауза од два месеци. Ова е нешто ново за мене, толку долго да не сум на теренот. Се надевам дека за брзо време ќе се вратам во тимот. Знам дека во фудбалот има добри и лоши моменти. Тешко ми беше да го следам Леванте на телевизија и сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за поддршката во овие тешки моменти за мене. Благодарам на фановите, соиграчите, тренерите, докторите а посебно на претседателот на Леванте кој постојано беше со мене во комуникација, постојано прашуваше за мене и за тоа како напредувам. Чувствував дека сум почитуван во клубот“  изјави Барди.

- Оглас -

Најнови вести