Озил не жали што одбрал да игра за Германија

Месут Озил, fудбалерот на Арсенал, одговарајќи на прашања на своите следбеници на „Твитер“, напиша дека сака кариерата да ја заврши во САД или во турскиот Фенербахче, а интересен одговор даде и на прашањето дали жали што играл за Германија. Озил е роден во Германија, но врската со Турција од која потекнува му е многу силна. Сепак, да играше за Турција, не би станал светски првак.

„Имам неверојатни сеќавања од играњето за германскиот национален тим. Го освоивме Светското првенство во Бразил и сите ние што игравме тогаш станавме дел од една голема ера на германскиот фудбал. Никогаш не сум рекол дека сум зажалил што избрав да играм за Германија. Многу работи се кажуваа по крајот на мојата репрезентативна кариера, но дефинитивно не жалам за одлуката“, одговори 32-годишниот Озил, кој беше жестоко критикуван во Германија поради неговата заедничка слика со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој му беше и најважен гостин на свадбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести