Озил: Фенер е голем колку Реал Мадрид, или таму или во САД

Месут Озил само ги разгоре шпекулациите околу неговата евентуална преселба во Фенербахче, како што се најавуваше во изминативе денови.

Проблематичната ѕвезда на Арсенал одговараше на прашања од страна на неговите следбеници на „Твитер“, па откри како почнал да навива за турскиот гигант.

„Пораснав како навивач на Фенербахче. Во Германија секој кој има турско потекло, мора да навива за еден клуб од Турција, а јас го сакам Фенербахче. Фенер е голем таму колку што е Реал Мадрид голем во Шпанија“, одговори фудбалерот на Топчиите.

Меѓутоа, поранешниот германски репрезентативец напоредно кажа дека сите опции се отворени бидејќи има желба да се проба и во САД, а неодамна беше поврзуван со преселба во МЛС-лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести