Бизарна и болна повреда му се случи на шпанскиот фудбалер Унаи Билбао, кој игра за мексиканскиот тим Некакса. Настрада десното колено на Билбао, и тоа не од фаул на противнички играч, туку се расече на еден голем клинец кој бил забоден во земја толно на местото каде фудбалерот падна по еден дуел со играч на Атлетико Сан Луис.
Фотографиите од коленото се вознемирувачки.
Клинецот служел за зацврстување на реклама која беше веднаш покрај голаут линијата, и токму на него налета малерозниот Билбао, кој во прв момент не беше свесен за тежината на повредата, а потоа кога сфати, му падна мрак на очи и го фати паника, како капак на болките кои ги трпеше.