Буцкото од ДР Конго кој стана планетарна ѕвезда, доби порака од Шекил О`Нил (Видео)

Досегашниот тек на Светското првенство во ракомет кое се игра во Египет, го одбележуваат откажувањата на репрезентации во последен час, лошата организација и „полничкиот“ пивот на ДР Конго, Готје Мвумби. Фотографиите и снимките од Мвумби ја обиколија планетата, а тој покажа дека знае и да игра ракомет, на двата меча против Аргентина и Данска даде 8 гола од 9 обиди, што е одличен учинок.

Очигледно е дека за игра во напад, на Мвумби воопшто не му пречи огромниот стомак. Интересно е што на сајтот на СП, стои дека Мвумби има само 89 килограми. Некои информации на ИХФ велат дека има 110 кила, но и тоа не е точно и податокот е застарен. Мвумби има над 130 килограми, што и самиот го признава.

Откако Мвумби стана вирален на социјалните мрежи, му се јави и Шекил О‘Нил, некогашниот славен кошаркар кој беше познат во светот токму по корпулентноста и што прекумерната тежина не му беше проблем да доминира под обрачите.

Мвумби доби прекар ракометен Шек, а и самиот Шек се согласува со тоа и упати поздрав до Конгоанецот.

https://twitter.com/i/status/1350699650022580224

- Оглас -

Најнови вести