Дуелот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку, по кој големата фудбалска легенда од Шведска беше исклучен и потоа и обвинет дека на расна основа го навредил белгискиот репрезентативец, сè уште е топ-тема по вчерашниот куп-дуел меѓу Интер и Милан.
Наводно Златан го навредил Лукаку на расна основа, а во одбрана на некогашниот соиграч од Манчестер јунајтед застана Пол Погба.
„Златан расист? Ајде не се шегувајте со тоа. Тој е последната личност за која воопшто и би помислил дека би сторил такво нешто. Одлично го познавам бидејќи сме големи пријатели“, напиша на „Твитер“, Погба.
Интер триумфираше со 2:1 со победничкиот гол на Кристијан Ериксен во 97-мата минута, но остана сенка за можниот неспортски испад на Ибрахимовиќ.
Златан го испровоцирал Лукаку кажувајќи со невкусни зборови за белгискиот репрезентативец. „Оди и прави ги тие твоите вуду сра*а магаре едно“, рекол Ибрахимовиќ, а Лукаку тогаш збеснал мислејќи дека слушнал навреди наменети за неговата мајка.
Лукаку тргна да се тепа со Ибрахимовиќ и почна да враќа на навредите. „Кучкин син“ и „Да те е*ам тебе и твојата жена, рече нешто за мајка ми?“ возвратил Лукаку кон Златан. Да не беа останатите фудбалери на теренот, многу веројатно дека ќе имаше и тепачка.