Александар Влахо се врати на клупата на Работнички, а Александар Васоски ќе дебитира како кормилар на Академија Пандев денеска од 14 часот во пресметката на двата прволигаши во премиерниот меч од пролетниот дел на домашното првенство.
И двете екипи го сменија ликот, направија доста трансфери во зимскиот период, а целта им е иста, што поскоро да ја избегнат опасната зона за испаѓање и да запловат во помирни води.
Особено тешка мисија ќе има Васоски, бидејќи Академците на Пандев се претпоследни на табелата со 17 бода, а и немаат победа против Работнички во последните три меѓусебни дуели.
Но, тренерот што импресионираше во Вардар, со освојување на титулата, лани, кога клубот минуваше низ тешка криза и беспарица се гаранција за квалитет и за надеж дека струмичани ќе можат да обезбедат опстанок.
Влахо денеска ќе се обиде да ја продолжи серијата добри резултати на Работнички против Академија Пандев, а три бода би значеле пробив и на петтата позиција, до утрешните дуели од првото пролетно коло, или вкупно 19-то во најсилната македонска фудбалска лига.
Двојки, 19. коло
Денеска: Академија Пандев – Работнички (14 часот)
Утре: Вардар – Пелистер, Силекс – Шкендија, Струга – Македонија Ѓ.П., Борец – Шкупи, Ренова – Беласица, сите од 14 часот.
Табела: Шкендија 39, Шкупи и Македонија Ѓ.П. по 33, Струга 28, Вардар и Борец по 25, Работнички 24, Силекс 22, Ренова 19, Пелистер 18, Академија Пандев 17, Беласица 9.