Некогашниот играч на Академија Пандев, Кристијан Стојкоски, својот прв гол во дресот на Работнички го даде денеска и тоа токму против негевиот екс клуб, за победа од 1-0, на снежниот терен во Струмица.
Голманот Јовановски имаше лошо исфрлање на топката, и Стојкоски од голема далечина го погоди празниот гол. Тоа беше единствен погодок на мечот, па Александар Васоски имаше неуспешно деби на клупата на сртрумичани. Со оваа победа, Работнички макар и привремено, ги прескокна Вардар и Борец на табелата.
Во рамките од првото пролетно коло, утре ќе се одиграат уште пет натпревари.
https://streamable.com/cz7iqs