Ал-Сад на Чави Ернандес ја оствари 15-тата победа по 17 кола во шампионатот на Катар, по што екипата дојде само на еден триумф од освојување на титулата. Искусниот Санти Касорла беше херојот за составот на Чави, кој ја донесе победата од 3-2 против Ал-Араби во втората минута од судиското надополнување.
На пет кола до крајот на првенството во Катар, Ал-Сад предводи во трката за титулата со 13 бода предност и потребна е само уште една победа за Чави да ја освои првата лигашка титула како тренер, досега со оваа екипа освои пет трофеи во катарските Купови.
Она што е интересно е дека Чави своевремено истакна дека нема да оди во Барселона сè додека не ја освои титулата со Ал-Сад, па сега е многу блиску до тоа остварување, по што ќе може да почне со подготовките да биде иден предводник на каталонскиот гигант.
https://streamable.com/7w9wnq