Тухел со Челзи прави чуда, му успеа нешто што досега никој не го направил против Симеоне

Со доаѓањето на Томас Тухел на клупата на Челзи, лондонскиот тим игра како во транс, а тоа се потврди и вечерва, со победата на англискиот тим против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Тухел во Челзи е неполн месец, период во кој осум пати седеше на тренерската клупа и има одличен биланс.

Со Тухел на чело, Челзи има шест победи и две нерешени без ниту еден пораз. Во овој период Челзи прими само два гола и шест дуели одигра со „сува мрежа“. Од сите победи, најважна е вечерашната против Атлетико во Букурешт.

„Фантастичен резултат за нас. Жиру даде одличен гол. Сакавме да доминираме и да бидеме перфектни. Не дозволивме да правиме грешки и одигравме многу дисциплинирано. Атлетико немаше ниедна шанса, а тоа е плод на играта на целиот тим“, рече задоволниот Тухел по победата над Атлетико Мадрид.

Тухел успеа да направи нешто што не му успеало на ниту еден друг тренер, а тоа е како гостин да го победи Атлетико Мадрид под водство на Диего Симеоне во нокаут-фаза. Факт е дека Јорганџиите играа на неутрален терен, но официјално Атлетико се водеше како домаќин на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести