Тимот кој има 11 победи по ред со истиот ривал лесно треба да триумфира

1702 РЕН – НИЦА (21 ч.)

Дуел на две екипи кои имаат три порази по ред во домашното првенство и императив ќе им биде повторно да не загубат. И покрај тоа што Рен нема победа во последните пет кола, тимот уште е со шанси да се бори за место кое води кон излез во Европа.

Двете екипи играат отворено, па во просек и даваат и примаат повеќе од еден гол на меч. Во една таква ситуација, може да се очекуваат погодоци, и тоа на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

1302 ЛЕВАНТЕ – АТЛЕТИК БИЛБАО (21 ч.)

Леванте е во одлична форма и има само еден пораз во последните 14 средби во Шпанија, но тоа може да се каже и за Атлетик Билбао, кој само еднаш загуби на последните 11 дуели. Домаќините имаат проблеми со повредени играчи, па покрај нашиот репрезентативец Барди, ќе ги нема ни Кампања, Мелеро, Постиго…

Леванте е како специјализиран за нерешени средби, па на свој терен сезонава шестпати одигра без победник во 12 дуели. Атлетик е еден од послабите гостински екипи само со девет бода во 11 средби.

Традицијата на дуелите на овие два ривали вели дека на 11 од последните 14 средби имало меѓу 2 и 3 гола, па затоа вреди да се одигра во тој стил.

Предлог тип: 2-3 гола (2.01)

 

1801 ВЕРДЕР БРЕМЕН – АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ (20:30 ч.)

Тимот кој е во најдобра форма во Бундеслигата гостува кај Вердер. Ајнтрахт нареди пет победи во првенството, а последната беше над шампионот Баерн Минхен, што само потврдува за квалитетот на тимот од Франкфурт.

Вердер дома игра слабо и во 10 меча само двапати се радувал на победа. Што се однесува до меѓусебните дуели, во последните пет меча, Ајнтрахт има две победи и три нерешени, па и сега тимот од Франкфурт е фаворит.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.90)

 

1953 БЕШИКТАШ – ДЕНИЗЛИ (17:00 ч.)

Ова е мечот кој може да се нарече сигурица на денот. Бешикташ е во трка за титулата со Галатасарај и Фенербахче и никако не смее да си дозволи кикс на свој терен со екипи како Денизли, која е во зоната за испаѓање.

Традицијата вели дека Бешикташ има неверојатни 11 победи по ред со овој ривал и најчесто уште во првото полувреме се решаваат сите дилеми.

Предлог тип: 1-1 (1.91)

 

1821 МИНХЕН 1860 – УНТЕРХАХИНГ (19 ч.)

Минхен 1860 има ривал како по мерка затоа што Унтерхахинг е најслабиот тим на гости. Во 12 меча, Унтерхахинг има само седум освоени бода на туѓ терен. Домаќините се комплетни и не треба да имаа проблеми да ги освојат трите бода. Со 43 дадени гола, Минхен 1860 го има вториот најдобар напад, додека гостите се на делба на најслабата одбрана.

Тимот од Минхен победил на пет од последните шест дуели со овој противник, а и сега се очекува оваа позитивна нивна низа да продолжи.

Предлог тип: 1&3+ (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести