Македонската ракометна репрезентација од денеска отвора ново поглавје во својата историја. За прв пат како селектор ќе дебитира Кирил Лазаров, кој истовремено останува и играч и капитен на националниот тим. Лазаров и останатите ќе имаат голем предизвик, затоа што во Скопје вечерва гостува актуениот светски и олимписки првак Данска.
Македонија и Данска имаат по максимални четири бода во квалификациите за Европското првенство, а за денешниот дуел, гостите се апсолутни фаворити. Според коефициентите, победа на Данска вреди само 1.10, додека за Македонија да се радува и Кирил Лазаров да стартува со победа како селектор, коефициентот е 9.50.
Границата за вкупниот број на постигнати погодоци е 55,5, а за да биде „кец“ со хендикеп Македонија не смее да загуби со 6,5 голови.