Турската Суперлига е рекордер според бројот на промени на тренери во текот на сезонава. Од 21 клуб во Суперлигата, дури 15 сезонава го менуваа шефот на стручниот штаб. Во досегашните 30 кола, дури 25 тренери останаа без работа.
Денизлиспор и Кајсериспор имаа веќе по четворица различни тренери сезонава, Ерзурумспор и Генчлербирлиги по три, а од суперлигашките клубови шест клуба уште се со истиот човек кој на почна сезонава на нивната клупа, тренерот не го сменија само Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ, Хатајспор, Алањаспор и Сивасспор.