Непријатна случка се случи на атлетско натпреварување кое се одржа во Шпанија. Откако заврши спринтерска трка, еден од натпреварувачите, поточно победникот, по минувањето на целната линија не ја намали брзината, па продолжи да трча и загуби баланс, па падна во дупка во подтрибинскиот простор.
Спринтерите обично после трка во сала откако ќе ја минат линијата, забавуваат и потоа застануваат кога ќе се удрат во ѕид од мек материјал. Но, главната ѕвезда на овој настап не подзапре, се сопна, па се лизгаше и летна под трибините. Засега нема информации дали се повреди, но како што може да се види на видеото, сите го бараа и се чудеа каде ли им заврши колегата.
На соревнования в Испании спринтер не смог остановиться после финиша и улетел в подтрибунное помещение pic.twitter.com/UhtISIgcZR
— Источник, знакомый с ситуацией (@optaluna) March 25, 2021