Турција одигра уште еден одличен меч и стигна до втората победа во вториот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, откако вечерва славеше на гости кај Норвешка со 3:0. Пред само три дена, Турците со 4:2 ја победија Холандија во Истанбул, а сега и на гости ги освоија трите бода против Норвешка.
Уште во првите 30 минути Турците дадоа два гола и тоа беше најава за освојување на трите бода. Во второто полувреме гостите и по трет пат погодија, потврдувајќи го триумфот над Норвешка, која во своите редови го имаше младиот суперталент Халанд, но тој беше немоќен да ја сруши одбраната на гостите.
Во останатите пет меча кои се одиграа денеска, доминираа домаќините и се радуваа на победи. Хрватска минимално со голот на Пашалиќ стигна до трите бода против Кипар, а Холандија со 2:0 ја победи Летонија. Во најефикаснкиот меч, Белорусија со 4:2 ја победи Естонија, додека Црна Гора без проблеми, со 4:1 славеше над Гибралтар, а Русија со 2:1 беше подобра од Словенија.
Досега постигнатите резултати се перфектни, кога се работи за хуманитарниот тикет што вчера го состави кошаркарскиот тренер, Игор Гацов. Со уплата од 1.000 денари, хуманитарната добивка е над 100.000 денари.