6703 Црна Гора – Норвешка (20.45 часот)
Црногорците тргнаа со две победи против Гибралтар и Летонија, но примаа по еден гол, а Норвежаните го победија Гибралтар со 3-0, па со ист резултат загубија дома од Турција. За Норвежаните, три бода од двете кола не се задоволителни и мора да покажат што знаат против еден незгоден ривал, кој исто така има амбиција да биде прв или втор во групата. Овие селекции не играле официјален меч, имаат две пријателски средби кои биле ефикасни со голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ (1.90)
6705 Хрватска – Малта (20.45 часот)
Хрватска е голем фаворит и не смее да не ги освои трите бода, но дилемата е што да се искомбинира заедно со единицата. Хрватите ќе изведат комбиниран состав, без Модриќ и Врсаљко, кои добија одмор, и без Крамариќ, кој се повреди. Хрватите имаа минимаен пораз од Словенија и иста таква победа над Кипар, додека Малта изненади против Словачка, каде што водеше со 2-0 по првото полувреме. Малта во две кола прими пет гола, а традицијата секако е на страна на домашните. Оршиќ и Будимир ќе сакаат да се докажат.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.14)
6702 Словачка – Русија (20.45 часот)
Русите делуваа доста стабилно, особено во нападот, победија двапати во мечеви на кои примаа и гол. Словачка имаше две ремија, и тоа против Кипар и Малта, кои се аутсајдери во групата. Според моментната форма, би требало да победи Русија, но Словаците вечерва сигурно ќе бидат помотивирани отколку против Малта, кога губеа 0-2, па се спасуваа од пораз. Во квалификациски мечеви овие две селекции играа многу неефикасни мечеви со 0-2 гола, но последниот пат кога се сретнаа на ЕП 2016, победи Словачка со 2-1.
Предлог тип: X2 & 2-4 (1.94)
6706 Турција – Летонија (20.45 часот)
Турците можеби и неочекувано убедливо доминираа во првите две кола, и тоа против опасната Холандија и Норвешка со Халанд, но сега не смеат да се опуштат против Летонија. Домашните се многу поквалитетни, но ќе имаат проблем ако го потценат противникот. Летонија нема бодови, во првите две кола примаше по два гола. Тука сите работи зависат од Турците и нивното расположение. Последните четири меѓусебни дуели им завршија нерешено, но тоа беа мечеви пред пет и пол и повеќе години.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)
6707 Велс – Чешка (20.45 часот)
За Велс ова е втор меч во квалификациите, во првиот загуби од Белгија со 1-3, додека Чесите одиграа 1-1 против Белгија и со 6-2 ја разбија Естонија. Чесите двапати гостувале во Велс и тие мечеви завршувале со 0-0, но тоа беа мечеви кои се играа одамна, пред 13 и повеќе години. Велшаните пред три дена го победија Мексико со 1-0 во пријателски дуел, но пресметката со Чешка е вистински тест за нивните можности. Домашните ако загубат, може да се простат со шансите да се најдат на СП.
Предлог тип: 1+I & 1+ II (1.97)