Данска се подготвува за утрешното тешко гостување кај Австрија во рамките од квалификациите за СП 2022 година, а на еден од тренинзите во центарот на вниманието беше Томас Деланеј. Фудбалерот кој настапува за Борусија Дортмунд постигна спектакуларен погодок кој ретко се гледа.
Деланеј шутираше кон голот, резервниот голман Јонас Лос одбрани, но топката се одби високо и повторно се врати кон Томас. Овојпат играчот се одлучи на атрактивен шут со таканаречен „шкорпија“ потег и даде ефектен погодок. Првиот чувар на мрежата на Данска, Каспер Шмајхел во неверување од тоа што го виде, се фати за глава кога виде каде заврши топката.
https://twitter.com/i/status/1376609074230521856