Јоаким Лев ја кажа причината зошто Германија загубила од Македонија

Во 15-годишната кариера како селектор, Јоаким Лев синоќа го доживеа можеби и најнеочекуваниот пораз. Германија на свој терен загуби од Македонија, а предводникот на Панцерите бараше начин како да се оправда од шокот. Лев напомена дека е многу тешко да се одиграат три меча во седум дена, па затоа кикснале.

„Ова е големо разочарување за нас. Едноставно бевме многу уморни. Немавме свежина во играта, а во креацијата на нападот правевме премногу грешки. Секогаш кога ќе одигравме брзо, станувавме опасни. Противникот беше длабоко во својата половина и не најдовме решение за таквата нивна игра. Генерално, беше разочарувачки за нас“, рече Лев.

Колку за потсетување, и Македонија одигра три меча за седум дена, од кои два на гостински терен, па има шест бода и е на второто место во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Додека Лев бараше изговори за поразот на неговиот тим, некогашниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер јавно честиташе за храбрата игра и победата на Македонија, потенцирајќи дека судијата дури не досудил и чист пенал во наша корист.

 

- Оглас -

Најнови вести