„Унгарскиот Вардар“ засега доминира во „Јане“, се очекува подобро второ полувреме од избраниците на Алушовски

Вардар е во убедлива негатива по првите 30 минути од првиот осминафинален дуел против Весрпем, кој води со високи 11:21 во „Јане Сандански“.

Унгарскиот гигант, кој во својот тим има дури петмина поранешни играчи на македонската гордост, меѓу другото и тренерот Давид Дејвис, делуваше надмоќно во првото полувреме, дури се најде во две ситуации да се брани и напаѓа со само четворица играчи на теренот, што не беше проблем за Веспрем, но беше за Вардар.

Од самиот почеток на средбата избраниците на Алушовски бркаат резултат. Најголемата суша на Црвено-црните без гол беше од 12-тата до 18-тата минута, кога Веспрем се избори за предност од +5 гола, а потоа гостите во последните три минути од првиот дел влегоа со највисока предност од +10.

Чупиќ и Георгиевски со по два погодоци засега колку толку го држат Вардар во игра, а со сигурност потребни се повеќе интервенции на Ристовски, кој забележа само две одбрани во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести