Наполи можеше лесно да испушти три бода во голедата од 4-3 против Кротоне, да не беше Елиф Елмас. Младата македонска ѕвезда како џокер од клупата влезе да ги доигра преостанатите триесетина минути од дуелот во Неапол, по што му беа потребни само 10 минути да направи клучно додавање со кое асистираше за победничкиот гол.
Наполи кружеше околу голот на гостите, па Елмас како креатор го виде слободниот Ди Лоренцо, кој направи уште еден потег за да изгради простор за шут и да забие за конечни 4-3 во 72-та минута.
Претходно домаќините испуштија предност од 3-1 остварена во првиот дел, но на израмнувачките голови на Сими и Месијас одговори македонскиот дијамант кој ја направи разликата на теренот.
https://twitter.com/Goalhouse34N/status/1378354729676386306
Горан Пандев не беше во составот на Џенова за ремито од 1-1 против Фиорентина, додека Илија Несторовски остана на клупата во поразот на Удинезе од 3-2 на гости кај Аталанта.
Останати резултати 29-то коло Серија А:
Беневенто 2-2 Парма, Калјари 0-2 Верона, Лацио 2-1 Специја, Сасуоло 2-2 Рома.