Објавени квотите, Сити фаворит против ПСЖ, една традиција вели првак ќе бидат Реал или Челзи

Манчестер сити е фаворит против ПСЖ според квотите кои ги објави Sport Life за првиот меч од полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони. За победа на Граѓаните во Париз на првиот полуфинален меч, квотата е 2.25, додека за триумф на Светците е 2.90. Овие коефициенти го фаворизираат англискиот клуб, кој никогаш не играл финале во Лигата на шампионите.

За другото полуфинале, Реал Мадрид е домаќин на првиот меч против Челзи и квотата за кец е 2.30, додека за двојка е 3.10. Кралевите се фаворити на хартија за првиот меч во Мадрид. Има една друга интересна работа поврзана со овој полуфинален пар, а е поврзана со хрватските фудбалери.

Како што најавивме пред неполн месец, од 2013 година наваму секогаш во тимот кој ја освојува титулата во ЛШ имало барем по еден Хрват. Од полуфиналистите, Хрвати во своите редови имаат Реал и Челзи. Ова значи дека во финалето на 29 мај во Истанбул ќе играат или Лука Модриќ или Матео Ковачиќ. Дали присуството на Хрват деветта сезона по ред ќе му донесе среќа на финалистот, ќе покаже времето, но суеверните нека запаметат дека иако можеби нема да бидат фаворити пред мечот, Реал или Челзи ќе имаат адут во финалето.

- Оглас -

Најнови вести